makstil

Металуршката компанија Макстил, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, оствари вкупна сеопфатна добивка во висина од 2.164.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, компанијата го заврши со добивка од 1.315.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на Макстил достигнаа 773.860.000 денари. Од нив на домашен пазар се реализирани 190.747.000 денари, додека поголемиот дел од 583.113.000 денари е остварен на пазари во странство.

Приходите од продажба во текот на првите три месеци од минатата година беа 811.300.000 денари.