mars-20140325105931911Почетоците на Mars датираат уште од 1911 година кога Френк К. Марс во својот двор во Минеаполис, Минесота почна да продава тазе слатки на големо. Сепак, успехот следуваше малку подоцна, откако првиот обид не се покажа во најдобро светло.

Во 1920 година тој ја основа компанијата наречена Mar-O-Bar Co, а три години подоцна неговиот син Форест Марс дојде на идеја да произведува резенки од млечно чоколадо со слад. Така се создаде првото Milky Way чоколадо кое веднаш стана популарно.

f48c84dc93a92dd7cb50126f160a8860Како што се зголемуваше побарувачката, така се вработуваа сè повеќе луѓе, за четири години подоцна компанијата да заработи 650.000 долари од продажба и дури 125 вработени. Ширењето на Mar-O-Bar придонесе за преместување на компанијата во поголем простор, па така во 1928 година, Чикаго стана нивното ново седиште. Тука се родија и познатите Snickers и Mars чоколади коишто прераснаа во глобален хит. Само пет години откако Milky Way беше претставен на пазарот, компанијата оствари бруто приход од 20 милиони долари.

Дури и за време на Големата криза, продажбата на чоколадите не се намали, напротив, бројките растеа со секоја одмината година. Побарувачката стана толку голема, па во 1932 година компанијата започна да продава чоколади во Велика Британија.

c781aa47b1fb14700b9f94623a0ffd7cПознатите M&M чоколадни бонбони беа создадени во 1940 година од страна на Форест Марс.  Но, она што беше ново е што млечните чоколадни слатки со кикиритки можеа да се продаваат преку цела година, без притоа да бидат ставени во фрижидер. Ова беше уште еден огромен успех за компанијата.

Во 1943 година Mars започна малку повеќе да го истражува пазарот и се создадоа производи како житарки од цело зрно, инстант ориз и слично. Овие производи најпрво беа продавани на армијата на САД, сè до крајот на Втората светска војна. Кога војната заврши, истите беа понудени и на јавноста и на големо изненадување беа со задоволство прифатени.

За кратко време Mars стана водечки бренд за производи од ориз во САД, а набрзо и во светот со присуство во 100 различни земји. Нивниот најпознат производ го доби името Uncle Ben’s’ rice – Оризот на чичко Бен.

dcs-105_1z

Потоа следуваше отворање на фабрики во Австралија, Белгија, Германија, Холандија и Велика Британија. Но, тоа не беше доволно, па Mars реши да си ја проба среќата со производство на храна за кучиња, шпагети, разни сосови… и во 1968 година стана број еден продавач на храна за домашни миленици. Палетата на чоколади се зголеми, па така во 1985 година компанијата претстави нови вкусни задоволства, меѓу кои Twix, Starburst, Skittles, Bounty, со цел уште повеќе да ги привлече купувачите.

DSC03855-KopiowanieНовите слатки одлично беа прифатени од потрошувачите и шест години подоцна Mars претстави уште 12 нови производи со што уделот на пазарот се зголеми за 17,9%.

Следните две децении компанијата се фокусираше на купување на помали фирми коишто можат да придонесат за нејзин раст. Една од поголемите зделки се случи во 2008 година кога заедно со Berkshire Hathaway ја купија Wrigley, водечката компанија за производство на гуми за џвакање, за 23 милијарди долари.

Денес најпопуларни производи на компанијата се чоколадите Snickers со продажба од две милијарди годишно, потоа следуваат Pedigree – храна за кучиња, Double mint – гуми за џвакање, Celebrations – чоколадни бонбони итн.

mars-chocolate-e90977f7ee65e8c7

Заклучно со 2010, Mars Incorporated има производствени единици во дури 60 земји во светот, а своите производи ги нуди во 155 држави. Голем акцент става на маркетинг стратегијата за којашто троши дури 800 милиони долари годишно рекламирајќи ги своите различни производи.

Компанијата, која што започна како мал фамилијарен бизнис, денес брои приближно 80.000 вработени ширум светот, а остварува приход од 33 милијарди долари. Нејзиното седиште се наоѓа во Вирџинија, САД, а сопственици се фамилијата Марс, предводена од Џон Френклин Марс и Жаклин Марс.

email