ag-product-carousel-1

Фото: Aggregate

Американската компанија Aggregate, создаде уникатен часовник од необичен материјал – Masonic е првиот часовник во светот целосно изработен од цемент, пишува Mashable.

Дизајнерите од Aggregate најдоа начин овој цврст материјал да најде своја примена и во едно малку поинакво светло. Иако цементот е прилично тежок, за Masonic тоа правило не важи – часовникот тежи само 90 грама.

Уникатниот модел се одликува со прецизно изработени делови од нерѓосувачки челик, додека ременот е направен од кожа и истиот може да се менува по потреба. Часовникот е рачно изработен, има сафирно стакло отпорно на гребење што го прави елегантен и покрај грубиот материјал од којшто е направен.

Неговата ширина изнесува 43, додека дебелината е 13 милиметри.

Производот моментално има своја кампања на платформата Kickstarter и веќе ги има собрано потребните средства.

email