kina

Американскиот ланец за брза храна McDonald’s ќе го продаде контролниот пакет акции во Кина и Хонгконг за 2,08 милијарди долари на конзорциумот којшто го сочинуваат кинеската државна компанија Citic Limited и американскиот инвестициски фонд Carlyle Group, пишува Reuters.

Конзорциумот ќе купи 80% од уделот во бизнисот, додека McDonald’s ќе задржи една петтина од сопственоста, со план со новите партнери во следните пет години да отвори над 1.500 ресторани во помалите кинески градови.

Citic Limited со удел од 52%, Carlyle Group со 28% и McDonald’s со 20% удел ќе основаат компанија којашто ќе функционира како франшиза во Кина и Хонгконг во следните 20 години.

email