mc-donald

Светскиот ланец за брза храна McDonald’s којшто во Словенија има 18 ресторани со повеќе од 800 вработени, од почетокот на наредната година во некои од своите локали ќе ангажира пензионери. Пензионерите ќе извршуваат лесни работи како бришење на маси, носење прибор, но и разговор со гостите за да создадат семејна атмосфера.

Во јануари пензионерите ќе може да работат во три ресторани на McDonald’s, а од компанијата велат дека би продолжиле со проектот и во други ресторани, ако реакциите на гостите и вработените се позитивни, пишува City Magazine.

Според законот за регулирање на пазарот на труд, пензионерите во Словенија може повремено да работат најмногу 60 часови месечно, а годишниот бруто приход што го остваруваат со повремена работа не смее да надмине 6.300 евра.

На повикот на McDonald’s да се помогне во создавањето на семејна атмосфера во рестораните до сега се јавиле најмногу пензионери од Марибор и Љубљана.

email