indoor-2594469_960_720

Фото: Pixabay

Британската авиокомпанија Monarch на своите патници им нуди специјално мени што ќе ги смири нивните нерви и стомачни тегоби и ќе им помогне да пристигнат свежи и одморени на посакуваната дестинација, пишува Telegraph.

Креатор на менито е професор Чарлс Спенс од Оксфорд, а вклучува сладолед од ехинацеа и ликер, зелен чај, колач од лаванда и протеински десерти со умами вкус. Сите состојки се внимателно одбрани со цел да се поттикне хормонот на среќа, патниците да се релаксираат и да бидат поенергични.

Прво се јаде сладоледот со ехинацеа за намалување на симптомите на настинка. Потоа, доаѓа зелениот чај за борба против уморот и колачите од лаванда коишто помагаат за добар сон. По 30-тина минути од полетувањето се пие чај мешавина од камилица, семе од анасон и алги со цел да се спречи подуеност и лошо варење.

Чајот следува заедно со бисквит од морска трева со солен и сладок вкус. Пред слетување патниците добиваат карамелизиран десерт од орев, печурки и домат, богат умами вкус што ќе ги разбуди и ќе им даде дополнителна енергија.

Ова специјално мени ќе биде послужено во одбрани летови од Лутон до Неапол, Гибралтар и Малага.