fba

Фото: Facebook

Компанијата Facebook најави нова апликација што е наменета за деца од шест до 12 години и се вика Messenger kids.

Клучно за оваа апликација е тоа што децата не треба да имаат сопствен Facebook профил или телефонски број и може да комуницираат со други корисници кои родителите ги одобриле. Апликацијата им овозможува на најмладите корисници да комуницираат со своите пријатели и објавуваат видеозаписи со филтри наменети за деца и да испраќаат соодветни GIF – ови. Децата нема да се појавуваат во пребарувачот од безбедносни причини.

Компанијата на развивање на оваа апликација работеше со бројни експерти и онлајн организации за безбедност и правеше средби со родители за да дознаат кои се најголемите грижи кога нивните деца користат технологија.

Од Facebook велат дека ова е начин децата да останат во контакт со пријателите и семејството на забавен и контролиран начин.

Апликацијата засега е достапна само во САД, но во наредните месеци во план е нејзино проширување.

email