mesto-so-srce-1

Од 27-ми до 29-ти декември ќе има 22 локации низ главниот град на Македонија, што ќе се претворат во места каде се негува сржта на празничниот дух, хуманоста и подарувањето радост. Овие локали и ресторани се дел од кампањата Место со срце на СОС Детско село, стои во соопштението.

Оваа тридневна активност има за цел да се подигне свеста на пошироката јавност за потребата од поддршка од заедницата, приватниот сектор и граѓаните на ранливите категории како деца без родители и децата кои живеат во социјални загрозени семејства со големи ризици да бидат напуштени од своите родители. СОС Детско Село е посветено на мисијата Топол дом и грижа за секое дете и секоја поддршка и помош ќе помогне да згрижат повеќе деца и да обезбедиме ниту едно дете да не расте само и напуштено.

“Место со срце е само уште едно надополнување на бројните активности кои ги преземаме за исполнување на нашата мисија. Прекрасно е чувството што ваков голем број на ресторани, локали и игротеки се вклучија оваа година. Ова ни дава надеж и мотивација да продолжиме и во иднина да ја водиме оваа кампања. Се надевам дека еден ден сите ќе имаат желба да се вклучат во кампањата и цел град, и другите градови во Македонија ќе прераснат во Место со срце“, вели Александра Спасевска од СОС Детско село.

СОС Детско село ги поканува сите кои сакаат да им дадат радост на децата без родители да ги посетат: Фурна, Соул Китчен, Пастрмајлија Грил Хаус, Интермецо, Воденица Мулино, Дукат, Бруклин, Чептер, Тренд (сите четири локали), Плеј Кафе, Имагинариум, Мартини, Мр. Џек, Чардак, Бела Виста, Каса Кубана, Дион, Палма и Сити Хол Центар. Тие се директно вклучени во поддршката на кампањата и може да се најдат според уникатниот брендинг на влезната врата или на следниов линк: https://www.scribblemaps.com/maps/view/Mesto_so_srce/f5iKmoBrcW

Бројот за донации за СОС Детско село е: 143 456.

email