thorne-paricnik-facebook

Фото: Facebook

Thorne Wallet е иновативен паметен паричник што ќе стави крај на губење или крадење на паричниците, а е создаден од млади лица од Македонија.

“Ние сме тим од експерти во технологија, дизајнери и аналитичари на податоци. Ние работиме напорно повеќе од две години на истражување и развој на продукти. Еден од продуктите на оваа компанија е паметниот Thorne Wallet, којшто ќе го смени начинот на којшто ги гледате и ги користите паричниците. Не е тајна дека паричниците се категорија којашто не еволуираше во последно време. Ние инвестираме време и пари во истражување и развој на уред што е направен да биде многу мал и да ја содржи технологијата што му е потребна на модерното човештвото во секојдневното функционирање“, вели Златко Георгиев, основач на компанијата Thorne Technologies Inc.

Една од главните функции на Thorne Wallet е GPS-от, што на корисникот му овозможува да го лоцира паричникот на точна дестинација преку апликација и да го активира алармот на паричникот во случај да го изгуби или доколку го изгуби телефонот да го вклучи алармот на телефонот за да го пронајде.

“Во денешно време секој користи телефон, а со тоа доаѓа и ограничувањето на животот на батеријата. Заборавете ги деновите кога мора да носите преносна батерија, преносен тврд диск за податоци, лични и бизнис картички со страв дека можете да ги изгубите или вашите податоци да бидат украдени. Нашиот тим го има решението за сите овие проблеми од секојдневниот живот, во еден едноставен производ. Thorne Wallet се дизајнирани и развиени да содржат моќна батерија од 5.000 mAh, со дебелина од еден сантиметар, а се изработени од високо квалитетна кожа во којашто се вметнати RFID заштитни слоеви што служат за заштита при крадење на податоци од вашите кредитни картички’’, вели Александар Манасиев, менаџер во Thorne Technologies Inc.

Исто така, паричникот има и Wi Fi опција преку која корисникот може да пренесува податоци. Преку апликацијата специјално направена за Thorne корисникот може директно да гледа филм или да ја слуша омилената музика без потреба од интернет конекција. Thorne Wallet содржи технологија што овозможува полнење без кабел.

Со секој паричник, како што се наведува, следува и хибриден кабел што корисникот може да го користи и за Android и за iOS, односно, еден кабел за сите уреди.

Thorne Technologies Inc., како нова компанија е успешна, а доказ за тоа е и соработката со компанијата GOBE Robotics, со којашто веќе работат и на заеднички проект за создавање на нов иновативен дрон со напредна технологија. Со овој заеднички проект, Thorne докажува дека технологијата којашто парира на светско познатите брендови е возможна и отвора нови порти за развој на производствениот сектор во Република Македонија.

email