rast-zlatno-pixabay

Фото: Pixabay

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидира прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 3,2% на 1,9%, јавува Миа.

За следната година ММФ предвидува раст на македонскиот БДП од 3,2%, а во 2019 година од 3,4%.

ММФ наведува дека инфлацијата во Македонија годинава ќе биде 0,3%, наредната 2,6%, а во 2019 година 1,9%.

Буџетскиот дефицит, според ММФ, годинава ќе биде 2,3% од БДП, догодина 2,5%, а во 2019 година ќе биде 2,8%.

ММФ, исто така, предвидува натамошно намалување на стапката на невработеност од годинашните 23,4% на 23,2% следната година и 23% во 2019 година.

email