modulos-facebook

Фото: Facebook

Modulos е хрватски старт – ап што дизајнира модуларни маси што може да се прилагодат на било каков работен простор, пишува Netokracija.

Масата е составена од повеќе модули коишто може да се поврзат и да се направат најразлични комбинации – од должина на работната површина, различни облици, па сè до висина на масата. Во модулите, исто така може да се вметнат и најразлични уреди, како што се безжични полначи, USB приклучоци, држачи за кабли и слично.

Во производството на Modulos се инсистира на користење дрвени суровини со висок квалитет од Хрватска.

Овој хрватски старт – ап ја претстави модуларната маса на глобалната платформа за групно финансирање, Kickstarter од каде планира да собере 30.000 долари.

email