okk

Фото Chapman Taylor

Mui Dinh е еко ресорт којшто е планиран да се изгради на западниот брег на Виетнам. Градбата ќе вклучува шест хотели, бутик хотел, казино, тематски парк, 500 вили, ноќен клуб на плажа и планински клуб. Мега зданието ќе зафаќа површина од 728 хектари.

Зад креацијата на проектот стои интернационалното архитектонско студио Chapman Taylor коешто постои од 1959 година. Mui Dinh ќе вклучува и еко парк дизајниран да ги рефлектира клучните елементи на околината – песок, море, сол и сонце.

Ресортот штотуку доби одобрение на градба од владата на Виетнам.