4k-proektorФото: Indiegogo

N-Tech е проектор со 4К резолуција што е доволно мал за да може да го носите во вашиот џеб, но толку моќен што ќе го претвори вашиот дом во кино сала.

Ова не е обичен проектор, туку систем за забава кој можете да го земете насекаде со себе. Можете да  го ставите во чанта, да го понесете на патување, се вклучува за неколку секунди и е многу едноставен за користење.

Освен што ќе ви овозможи висококвалитетна 3D снимка, N-Tech проекторот има микрофон, приклучок за USB, а поврзувањето е преку Wi-fi и Bluetooth. Пректорот се врти и за 360 степени што значи дека ќе можете да си го гледате омиленото видеото и на таванот.

N-Tech проекторот има своја кампања на платформата за финансирање Indiegogo. Досега има собрано 165.775 американски долари од потребните 25.000. Кампањата трае уште месец дена.

email