nbrm-logo-pocetnaНа 21 мај истескува седумгодишниот мандат на актуелниот гувернер на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, јавува МИА

Новиот гувернер треба да го предложи претседателот Ѓорге Иванов, а потоа Собранието на Република Македонија да го изгласа со просто мнозинство. Засега нема предлог кој ќе го наследи Богов, но од Кабинетот на претседателот на Република Македонија велат дека постапката за избор ќе се спроведе согласно закон и праксата во изминатите години.

Наследникот на Богов ќе биде петтиот по ред гувернер на Народната банка на Република Македонија. Од 1992 година оваа функција ја извршуваа Борко Станоевски, Љубе Трпески, Петар Гошев и актуелниот Димитар Богов.