mleko-pexels

Фото: Pexels

Рокот за поднесување на барање за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко, во период од мај до септември оваа година, е до петти ноември, соопштуваат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар. Барањата се поднесуваат по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Исто така, на 5 ноември завршува рокот за поднесување барања за директни плаќања за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од мај до септември годинава. Висината на поддршката изнесува 100 денари за купена и внесена несилка во одгледувалиште на кокошки несилки за производство на јајца.

email