vfremeФото: Pixabay

Кога ќе заглавите во сообраќајниот метеж знаете дека сте изгубиле добар дел од вашиот ден. Кога се обидуваат да ја зголемат продуктивноста, повеќето претприемачи се фокусираат на овие очигледни настани што одземаат време. Но, постојат и други “незабележителни“ начини на трошење на времето. Ова се некои вообичаени, а сепак едвај забележливи начини на кои губите време секој ден:

Постојано проверувате електронска пошта

Постојано ја отворате електронската пошта и се трудите во најбрз рок да одговорите. Но, секој пат кога го правите тоа го губите фокусот на она што сте го работеле претходно. Престанете да ја практикувате оваа навика и поставете си време во текот на денот кога ќе ја проверувате електронската пошта.

Секогаш користите нови технологии

Секој нов гаџет или апликација треба да го поедностави вашиот живот, но понекогаш се троши многу време во избирање и тестирање на технолошки решенија, наместо пенкало или хартија.

Секогаш достапни

Политиката на отворени врати е одлична. Може да бидете најпријателски расположена личност во канцеларијата, но кога колегите ве прекинуваат на секои две секунди, губите од своето драгоцено време.

Не одбивате состаноци

Размислете добро дали треба да појдете на некој состанок. Ако сте добиле покана тоа не значи дека треба да присуствувате. Направете селекција бидејќи многуте состаноци не ве прават продуктивни или важни.

Зависност од социјални медиуми

Следењето на социјалните медиуми, исто така, ви одзема драгоцено време. Потрудете се да трошите малку време во следење на новостите на Facebook или Twitter и ќе забележите колку многу време се појавува во вашиот ден.

Не издвојувате приоритетни задачи

Дали се “закопувате“ себе си во извршување на погрешни задачи што не се приоритетни и на крајот од денот сфаќате дека сѐ уште имате задачи кои се важни да се завршат. Ако се соочувате со ваков проблем пред да започнете да ги извршувате задачите направете нивна категоризација.

email