ujp

Управата за јавни приходи (УЈП) ја објавува првата листа на должници за оваа година, на којашто се најдоа вкупно 3.964 физички и правни лица. Нивните долгови се доспеани до 30-ти септември и неплатени до 31-ви декември лани, а се по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Кај физичките лица и самостојни вршители на дејност, долгот надминува 120.000 денари, додека кај правните лица тој износ е над 300.000 денари.