cesel

Фото: Pixabay

Бизнисот може да не успее од сплет на различни околности и ситуации. Сепак, постојат неколку причини што во најголем број случаи се одговорни за бизнисот да тргне во погрешна насока.

Без фокус

Ако се трудите да им угодите на сите, тогаш нема да можете да се фокусирате и ќе бидете растргнати на многу страни. Со тоа што ќе се фокусирате на работата во којашто сте најдобри, ќе обезбедите подобра услуга и позадоволни клиенти. Без фокус и реални цели, многу бизниси имаат потешкотии да постават приоритети и да го искористат својот потенцијал.

Лошо/недоволно планирање

Најважниот документ што еден бизнис треба да го поседува е бизнис планот, каде што е документирано она што треба да се постигне во следните 12 месеци и начинот како тоа да се постигне. Доколку овој план не го знаат сите што се инволвирани во бизнисот, нема да можат да се фокусираат на истата цел, а тоа во голема мера му штети на бизнисот.

Лош менаџмент

Лошото менаџирање може да ја одведе компанијата во банкрот. Лидерството е многу повеќе од висока позиција и последен збор. Тоа е умешност да се биде одговорен, да се најдат вистинските луѓе и бизнисот да се води на начин што овозможува секој вработен да напредува.

Пребрз раст

Многу бизниси, особено во раната фаза, се обидуваат набрзина да постигнат успех преку позајмување на средства што честопати не ги исполнува крајните очекувања. Бавниот раст ќе ви обезбеди повеќе шанси за проценка на побарувачката, разбирање на пазарот и ширење на одржлив начин.

Гордост да се побара помош

Професионалната помош понекогаш може да го извади бизнисот од ќорсокак. Но, претприемачите кои не сакаат да побараат помош кога навистина им е потребна, ризикуваат поради своето его и гордост да им пропадне бизнисот.

Недоволно капитал

Честа грешка за бизнисите што завршуваат неславно е недоволен капитал. Ова честопати е проследено со нереални очекувања од приходите од продажба.

Отпор кон дигиталната револуција

Многу бизниси сè уште не ги искористуваат потенцијалите на интернетот и дигитализацијата за да дојдат до клиенти. Ако не се оди во чекор со интернет револуцијата, тешко дека ќе може да се просперира во ова дигитално време.

Потценување на конкуренцијата

Никогаш не смее да се потцени конкуренцијата. Дури и ако сте голема и призната компанија со долгогодишно постоење, особено треба да внимавате на оние новите коишто имаат огромна волја, сила, енергија и средства за да успеат.

Незадоволни вработени

Вработените го прават бизнисот. Без задоволен тим, работата не може да оди напред. Вработените кои не се среќни што работат за вас, нема ни да се трудат да го дадат својот максимум и да придонесат за успехот на компанијата. Претприемачите многу грешат кога го потценуваат својот кадар.

email