velosiped

Фото: Pixabay

Оние што сакаат малку поголем предизвик од статичниот велосипед тоа можат да го направат со подводното возење на ваква направа, пишува Daily Times. Станува збор за најнов фитнес тренд што додава мала тежина на вежбањето со оглед на тоа што движењето на педалите под вода не е исто како обичното возење на статичен велосипед.

Градскиот базен во Хамбург, Германија има редовни сесии од ваков тип, додека Њујорк го презема овој тренд во 2013 година кога студиото за вежбање Aqua Studio почна да привлекува клиенти во нивниот солен базен. Љубителите на подводното возење на велосипед истото го споредуваат со таканаречениот спининг спорт во којшто се вежба на музика најчесто во темни простории.

Во базенот во Хамбург, којшто е хлориран, корисниците практикуваат комбинација на интензивни вежби почнувајќи од кардио до вежби за јакнење на мускулите на целото тело. Подводните велосипеди изгледаат малку поразлично и се прилагодени за условите за работа под вода без ризик од ‘рѓосување.

email