oriz

Фото: Pixabay

Научници од Кина постигнаа голем напредок во земјоделството, успевајќи да одгледаат ориз што може да расте во солена вода, пишува South China Morning Post.

Иако овој начин на одгледување на ориз многу пати е тестиран, сега успешно се остварени тројно поголеми приноси по хектар, а научниците велат дека спремен за комерцијална употреба.

“Оваа метода може да го зголеми производството на кинески ориз за 20% и да се нахранат 200 милиони луѓе“, вели главниот истражувач на проектот, Јуан Лонгпинг, а е познат како кинески татко на хибридниот ориз.

Новиот тип на хибриден ориз е одгледан на тој начин што научниците ја разредуваат солената морска вода и преку канали ја спроведуваат до оризовите полиња во крајбрежниот град Кингдао во Шандонг. Компанијата што го продава овој тип на ориз очекува до крајот на годината да заработи 1,5 милијарди долари.

email