nasa-logo

NASA успешно ја лансираше ракетата Pegasus XL, којашто со себе во орбитата понесе осум сателити – CYGNSS. Нивна задача ќе биде да ги анализираат ветровите на површината на океаните кога има бури.

Добиените информации ќе им бидат од голема корист на научниците полесно и попрецизно да ја прогнозираат максималната сила на ураганот. Фокусот ќе биде ставен на тропските подрачја каде што се формираа и најголемиот број од ураганите во светот.

CYGNSS користи постоечки GPS сигнали и технологија, но во намалена верзија. Секој од осумте сателити во орбитата ќе примат директни или рефлектни сигнали од коишто ќе може да се пресмета брзината на ветрот. Досега еден сателит можеше да мери на една локација на секои два или три дена, а сега овие осум ќе може да мерат на било која локација на секои седум часа.

Вредноста на мисијата на CYGNSS е 157 милиони долари.

email