dete

Фото: Pexels

Некои луѓе се родени да бидат претприемачи поради особините што почнуваат да ги прикажуваат на многу рана возраст. Ако се сомневате за вашата природна наклонетост кон започнување на сопствен бизнис, овие неколку навики ќе ви докажат дека сте родени да бидете претприемач.

Не сакате да работите за друг

Сакате да учите, но не можете ни да замислите да примате наредби од некој друг. Сакате да бидете сам свој шеф и да работите по рокови кои сами ќе си ги поставите.

Не можете да “седите“ мирно

Секогаш сте во потрага да направите нешто одлично. Протокот на идеи никогаш не запира.

Постојано размислувате за подобрување на бизнисот

Постојано мислите на подобрување на бизнисот на вашиот работодавец. Кога сте на работа, размислувате само за тоа како може да биде подобро.

Учите секој ден

Одвојувате време да научите нешто ново секој ден.

Не се откажувате лесно

Вие не се откажувате лесно. Се соочувате со тешки предизвици, но продолжувате во остварување на целите.

Запознавате многу луѓе

Постојано ја ширите мрежата на контакти. Не пропуштате настани каде знаете дека може да запознаете нови инспиративни луѓе.

Учите од неуспехот и прифаќате критики

Доживувањето на неуспех не ве спречува да се вратите на патеката. Стравот од критики многумина ги спречува во постигнување на своите цели, но претприемачот има навика да преземе негативни критики и да учи од неа.

Си поставувате цели

Поставувате цели за себе. Големи или мали, целите го исполнуваат вашиот живот.

Го гледате потенцијалот кај луѓето

Вие не ги гледате луѓе кои се, туку кои би можеле да бидат.

email