pexels-photo-257897

Фото: Pexels

Посветете се на вежбање

Истражувањата покажуваат дека физичката активност помага во подобрувањето на меморијата. Доколку немате време за секојдневно вежбање, одвојте барем 30-40 минути од денот за пешачење.

Фокусирајте се на учење нови вештини

Со учењето на нови вештини, мозокот и неговото функционирање се забрзуваат и развиваат. Посветете се на некое хоби. На пример: научете се да фотографирате, научете нов јазик… активностите што се надвор од нашата комфорна зона му помагаат на мозокот.

Ново опкружување и нови идеи

Како луѓе ние сакаме сигурност и блискост, круг на луѓе што ни е добро познат. Но, тоа може лошо да влијае на нашиот живот и кариера. Кога сме изложени на нови луѓе и идеи добиваме поинаков поглед на светот и донесуваме  подобри одлуки.

Не го прескокнувајте спиењето

Без оглед на обврските, спиењето никако не смее да биде прескокнато. Доколку не сме одморени, нашите способности за работа како планирањето, фокусирњето и донесувањето на одлуки, се значително намалени. Затоа, одвојте од 7-9 часа за спиење.

Читајте секојдневно

Читањето е навистина моќна алатка којашто ја одржува нашата когнитивна моќ во “форма”. Исто така  влијае и на зголемување на емпатијата, што е важна особина за ефективно лидерство и долгорочен успех.