nbrm-logo-pocetna

Во третиот квартал на 2017 година се забележува натамошно нето – зголемување на вкупната побарувачка на корпоративни кредити, но со посилна динамика во однос на претходната анкета, покажува Анкетата за кредитна активност на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

Банките, како што се наведува, укажуваат на зголемена нето – побарувачка кај сите типови на корпоративни кредити. Сепак, и понатаму најголем процент од банките укажуваат на непроменета побарувачка за корпоративни кредити.

За следните три месеци, банките укажуваат на натамошен раст на вкупната побарувачка, со посилна динамика во однос на очекувањата од претходната анкета.

Во однос на факторите што ја условуваат побарувачката на корпоративните кредити, во третото тримесечје не се забележани позначителни поместувања во однос на оцените на банките од минатата анкета. Индивидуалните фактори поврзани со потребите за финансирање и натаму придонесуваат за зголемување на побарувачката на нето – основа со слична динамика како и во претходната анкета. Доминантни фактори се инвестиции во залихи и обртен капитал, како и преструктуирање на долгот.

email