nbrm-logo-pocetna

Во текот на месец октомври, вкупните кредити на корпоративниот сектор регистрираат месечен пад од 0,2%, којшто произлегува од намалување на девизните резерви, при раст на денарското кредитирање, покажуваат податоците на Народна банка на Република Македонија (НБРМ).

На годишна основа, како што се наведува, е забележан кредитен раст од 0,9%, при што зголеменото кредитирање на корпоративниот сектор во денари беше делумно нотирани со падот на кредитирањето во странска валута.

Кај вкупните депозити на корпоративниот сектор во октомври е евидентиран месечен раст од 3,5%, во поголем дел заради зголемувањето на краткорочните депозити во странска валута. Споредено на годишно ниво, растот на корпоративните депозити изнесува 7,2% и се должи на растот на депозитните пари, долгорочните депозити во денари и на краткорочните депозити во странска валута.

email