stav-pixabay

Фото: Pixabay

Многу добри идеи може да пропаднат бидејќи една од страните не поседува преговарачки вештини да ја убеди другата за вредноста на големата работа којашто заедно би ја креирале. Многумина преговарањето го доживуваат како тешка задача, но тоа претставува вештина којашто може да се совлада. Entrepreneur нуди неколку трикови коишто ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот договор.

Поврзете се лично

Невозможно е да се поврзете со некого преку телефон или електронска пошта, затоа најдобро е да остварите контакт лице во лице. Користете ги зборовите долгорочност и заедничка основа, со цел да пренесете чувство на заеднички интерес и трајна вредност. Вашиот говор на тело и тонот треба да бидат релаксирани, а никогаш конфронтирачки.

Дознајте со кого имате работа

Ако сакате да постигнете договор, мора да дознаете што сака другата страна. Дознајте ги нејзините мотиви, потреби и историја, а за тоа ќе треба да истражувате и да поставите многу прашања. Честа грешка е претпоставката дека другата страна размислува исто како вас, има исти потреби, стравови или мотиви.

Откривајте повеќе информации

Информациите креираат доверба. Кога ги држите вашите карти блиску до вас, луѓето стануваат претпазливи. Споделете што повеќе информации со другата личност, со што ќе го претставите вашиот начин на размислување. Посветете внимание и на деталите бидејќи на тој начин ќе покажете дека внимателно сте размислувале.

Бидете трпеливи

Многумина не знаат да се соочат со првичното одбивање и сметаат дека договорот треба да се заврши за еден ден. Честопати, напредокот се одвива чекор по чекор. Склучувањето на договор може да биде процес од шест недели или шест месеци, затоа бидете задоволни со делумниот напредок и продолжете да ги туркате преговорите.

email