yima1

Без разлика дали скијате, бордате или сакате само да уживате во снежните пејзажи, овие хотели покриени со снег овозможуваат уживање во магичната природа, пишува Inhabitat.

The Whitepod Eco Resort, Швајцарски Алпи

1

The Whitepod Eco Resort лоциран во селото Лес Керниерс нуди приватни скијалишта, дрвени куќички и 15 куполи.

Hotel de Glace, Квебек

Направен од снег и мраз привремениот Hotel de Glace во Канада е отворен само во ладните месеци.

Monte Rosa Hut, Швајцарија

Единствен начин да стигнете до Monte Rosa Hut во Швајцарија е со помош на скии.

Icehotel, Шведска

icehotel

Шведскиот Icehotel е изграден од снег и мраз. Изминатите години структурата се топеше во летните месеци, но со новата технологија за ладење, гостите ќе можат да уживаат во ова уникатно искуство во текот на целата година.

Kakslauttanen, Финска

svedska-icehotel

Во својата понуда овој хотел нуди стаклени иглоа од каде навечер може да уживате во поларната светлина.

Treehotel, Шведска

trehotekl-svedska

Овој хотел во Шведска е отворен во текот на цела година. Без разлика дали има снег, од овој хотел може да уживате во планинскиот пејзаж.

email