novaНовогодишните забави и огномети се нормална традиција во испраќањето на старата и дочекување на новата година, но во различни земји пред да се поклопат стрелките на часовникот постојат различни обичаи. Travelers Today состави листа на најнеобичните новогодишни обичаи.

saat

Во Данска на 31 декември се кршат чинии на куќниот праг. Веруваат дека овој обичај симболизира богат социјален живот и многу пријатели. За вистински да скокнат во Новата година, Данците скокаат од стол.

На полноќ во Шпанија се јадат 12 зрна грозје коишто симболизираат 12 месеци во годината, а секое зрно ќе обезбеди среќа во текот на годината.

groyje

На Филипините веруваат дека на масата треба да има поставено предмети во кружна форма, бидејќи таквите предмети потсетуваат на кованици и се симбол на богатство.

krug

Во Јапонија веруваат дека за време на новогодишната ноќ треба цело време да се смеат за наредната година да им биде радосна. Романците за среќа фрлаат пари во река, а Швајцарците испуштаат сладолед на под. Во Франција се подготвуваат палачинки, а во Естонија на 31 декември јадат седум пати, бидејќи веруваат дека тоа ќе им донесе храна во изобилие.

poklonВо Шкотска веруваат дека првата личност која во Новата година ќе биде гостин во некое семејство треба да донесе подарок, а Колумбијците со себе носат куфер со надеж дека во годината што следи често ќе патуваат.

email