kolumna

Фото: Pexels

Според некои статистики, на човековиот организам, за да функционира нормално, потребно му е од 6 до 8 часа спиење во текот на ноќта, а не во текот на целиот ден.

Но, кој на овој динамичен живот се придржува кон тоа? Кој има време да мисли и на спиењето? Ако од нешто треба да се лишиме, најчесто се лишуваме од спиењето. Имам една пријателка, која толку многу се исцрпува и не спие со денови, што тоа исцрпување доаѓа до стадиум да кога ќе легне, може да ја нема 2 дена. Да не зборувам, па каква е во тој период…
И ајде што станува секојдневие неспиењето, туку на тоа се надоврзува и тоа што веќе станува да си „во шема” ако имаш (по)малку спиено и си уморен.

Работата е дека голем број луѓе кои се исцрпуваат и константно се уморни, односно малку спиени, не се ни свесни што предизвикува уморот кај нив и на нив:

  • Внимание/фокус – неспиење од 20 до 25 часа влијае врз вашата брзина на движење, рефлекси и фокус, исто како да имате 10% алкохол во крвта.
  • Агресивност – лишувањето од сон ве прави поагресивни и нервозни.
  • Имун систем – луѓето кои спијат помалку од 6 часа, во текот на ноќта, го зголемуваат ризикот за настинка или грип за 4 пати.
  • Зголемување на телесна тежина – неспиењето предизвикува зголемено лачење на хормонот на гладта – грелин, односно хормон што го зголемува апетитот.
  • Болести – тие коишто спијат помалку од 5 часа во ноќта:
    • Дијабетес – го зголемуваат ризикот за добивање на дијабетес тип 2 за 34%
    • Крвен притисок – кај оние со висок крвен притисок може да предизвика покачен притисок во текот на целиот нареден ден.
    • Хронични болести – доведува до зголемување на шансите за добивање на рак и други хронични заболувања.
    • Срцеви заболувања – доведува до удвојување на ризикот од смрт од кардиоваскуларни заболувања.
  • Мозочна активност – недостаток на сон запира производство на нови неурони и зголемување на нивото на хормонот за стрес – кортикостерон.
  • Меморија – недостаток на сон доведува до губење на меморијата и намалено памтење.
  • Работа – извршување на работните обврски е забавено, со голем број грешки и последици кои можат да бидат кобни за вашето здравје, но и за здравјето на колегите околу вас.

Ете, сега знаете барем некој дел од последиците кои неспиењето може да ги има врз вас. Мислам дека е крајно време да поработите на тоа дека одмор од минимум 6 часа, во текот на ноќта, само позитивно може да делува на вас.

Спасете се самите себеси, но и другите околу вас и спијте убаво и правилно! Нема да се променат работите, ако сте ненаспани.

Со успех во промените.

Ако имате прашање за Калин Бабушку, можете да го поставите на Бизнис советник.

email