nina_angelovska_thehundert

Нина Ангеловска, генерален менаџер и ко-основач на Grouper.mk, се наоѓа на листата на 100 жени основачи на стартапи од Европа (100 Female Startup Founders Europe), што ја состави еминентниот германски магазин The Hundert.

Осмиот број на списанието беше посветен на успешните жени – основачи со цел да се инспирираат, охрабрат и мотивираат сите жени.

the-hundert-slika-tweet

“Горди сме што во листата имаме претставник од Македонија, а уште повеќе што тоа е наш претставник, односно Нина од Grouper.mk – првиот македонски веб сајт за групни попусти кој предизвика револуција во е-трговијата и го раздвижи оналјн купувањето”, стои во соопштението.

fb-thehundert-objava

Нина го започна Grouper во 2011 година, собирајќи храброст да ја размрда е-трговијата во време кога помалку од 1% од плаќањето беше онлајн со картички. Денес, по пет години, Grouper е единствениот сервис за групно купување кој не само што опстана на пазарот, туку стана лидер и синоним за е-трговија во земјата. Секоја година има по 20.000 нови корисници, по 300 нови соработници и по 4.000 нови зделки, достигнувајќи скоро 400.000 продажби во 2015 година.