lifestyle_lilac_900x900

Фото: Nix Mini

Nix Mini Color Sensor е малечок уред што помага да се одреди точната нијанса на било која боја, пишува The Daily Dot. Тој ја скенира бојата од било која површина и веднаш ја поврзува со соодветната нијанса од широката палета на повеќе од 28.000 брендирани бои.

Уредот може да најде примена во различни ситуации каде корисникот треба да бира одредена боја, но не е сигурен за нејзиниот назив.

Особено е добра алатка за дизајнери и сите професии каде што е вклучено боење. Nix Mini Color Sensor ја лоцира и најблиската продавница каде може да се најде посакуваната боја. Доаѓа заедно со врвка за прицврстување, микро USB кабел и пристап до целата палета на бои и апликации.

Цената на уредот изнесува 99 долари.

email