nlb-banka-novo-logo

Од први овој месец, НЛБ Банка изврши зголемување на дел од провизиите коишто се однесуваат на работењето со физички лица, стои во соопштението на банката.

Промените се направени кај следниве типови на провизии: уплата на режиски трошоци од физички лица на шалтерите на Банката; подигнување на готовина од трансакциска сметка на шалтерите на Банката; вршење на трансакции во безготовински платен промет и подигнување на готовина на банкомати со НЛБ кредитните картички.

Провизијата за плаќање на режиски трошоци се однесува само за плаќања преку шалтерите на Банката. Плаќањето на режиски трошоци преку другите канали на Банката (НЛБ клик, НЛБ мКлик и НЛБ банкоматите) како и преку трајни налози е без провизија. Исто така, режиските трошоци може да се платат директно на веб страните на давателите на услуги (ЕВН, Т-Home, T-Mobile, Вип оператор, Топлификација, Телекабел), при што може да се искористи и функционалноста за плаќање на рати со НЛБ картичките.

email