nlb-banka-novo-logo

Во периодот од 01.09.2017 до 30.09.2017 година, НЛБ Банка спроведува промотивна кампања за НЛБ Проклик електронско банкарство и за НЛБ мПроклик мобилно банкарство за правни лица, стои во соопштението на НЛБ Банка.

Во рамки на промотивната понуда, сите кои ќе станат корисници на НЛБ Проклик електронското банкарство или НЛБ мПроклик мобилното банкарство во промотивниот период ќе можат да ги искористат следниве поволности: без трошоци за електронско банкарство за сите плаќања до крајот на октомври и бесплатна Mastercard Business или Visa Business картичка за првата година на користење.

Со НЛБ Проклик – електронското банкарство и НЛБ мПроклик – мобилното банкарство клиентите имаат постојан увид на состојбата и прометот на сметки и ќе можат самостојно да ги извршуваат банкарските трансакции брзо и едноставно. НЛБ Проклик и НЛБ мПроклик овозможуваат да се зголеми ефикасноста на работењето на компанија и рационално трошење на време и средства.

email