radio

Норвешка е првата земја во светот којашто започнува процес на гасење на аналогни FM радио врски. Аналогниот сигнал ќе биде заменет со модерна дигитална технологија којашто се базира на Digital Audio Broadcasting (DAB) стандардите, пишува BBC.

Гасењето на FM мрежата којашто во Норвешка е воведена во 50 – те години на минатиот век, ќе започне од градот Бодо. Според владиниот план, до крајот на 2017 година сите приемници ќе треба да се префрлат на дигитална мрежа што треба да овозможи подобар прием на сигнал, поттикнување на конкурентноста на пазарот и нови можности за иновации и развој.

Критичарите на овој потег велат дека владата се однесува непромислено бидејќи многу луѓе ќе останат без информации и предупредувања за вонредните ситуации коишто досега се емитуваа на радио. Во Норвешка има два милиони автомобили во коишто се вградени FM радио приемници, а цената на дигитално радио за автомобил чини околу 300 евра.

Можноста за премин на дигитална мрежа ја разгледуваат и Швајцарија, Данска и Велика Британија.

email