night-flight-2307018_960_720Фото: Pixabay

Почнувајќи од први јуни, LOT Polish Airlines ќе ја воведе првата директна авиолинија од Варшава до Скопје, стои во соопштението на ТАВ Македонија.

Летовите на оваа линија ќе сообраќаат шест пати неделно, освен во недела, со модерни Ембраер воздухоплови. Билетите се веќе во продажба, преку Контакт-центарот на LOT, на интернет страницата www.lot.com, и кај продажните агенти.

Летовите до Македонија ќе се опслужуваат со Ембраер 170 и 175. Во зависност од  типот на воздухопловот, ќе има 70 – 82 седишта достапни во три класи, економска, премиум-економска и бизнис класа.