m-klikФото: NLB

МKLIK, ем нов телефон е новата наградна игра на НЛБ Тутунска банка. За учество треба да се активира NLB Klik апликацијата за мобилно банкарство и со тоа секој може да стане потенцијален добитник на Samsung Galaxy S8.

Во наградната игра можат да се вклучат сите нови корисници кои ќе активираат NLB mKlik пакет (Light пакет, Пакет за млади, Standard пакет и Comfort пакет) во периодот од 01.03. до 31.03.2018 година.

Сите постоечки корисници на NLB mKlik мобилната апликација, корисници на еден од горенаведените пакети можат да се пријават за наградната игра преку веб страницата www.nagradnaigra.nlb.mk во периодот од 01.03. до 31.03.2018 година.

Наградната игра ќе трае од 01 до 31 март 2018 година, а ќе бидат доделени пет телефони Samsung Galaxy S8. Извлекувањето на наградите ќе биде секој понеделник во периодот од 05.03. до 02.04.2018 година.