26059_122417_powerpoint_-rgb-_2020-08-01

Во пресрет на Новогодишните празници почна традиционалниот новогодишен караван на Фондацијата Телеком за Македонија. Волонтери од Македонски Телеком ќе посетат деца од  Кавадарци, Скопје, Битола, Велес, Дебар, Делчево, Неготино, Прилеп, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Штип и Пробиштип, стои во соопштението.

Караванот се одржува веќе петнаесет години, а волонтерите годинава ќе израдуваат над 2.000 деца низ Македонија.

Новогодишниот караван ќе ги посети најранливите групи на деца: деца без родители, деца со посебни потреби, со оштетен слух и вид, деца со инвалидитет, деца од социјално загрозени семејства и деца сместени во здравствени институции.

Волонтерите ќе делат Новогодишни пакетчиња и ќе организираат претстави во семејства и институции. Секоја година се менуваат институциите за да се посетат што повеќе деца и да им се донесе радост и новогодишна атмосфера на оние деца на кои им е најпотребно.

email