ohridska-banka-logo

Охридска банка склучи договор за кредит со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) од Програмата за поддршка на енергетска ефикасност, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

Кредитот е во износ од два милиони евра на период од пет години, со грејс период од две години и полугодишни отплати. Со овие средства, како што се наведува, ќе се поддржат инвестиции во еколошки технологии, материјали и решенија, од страна на приватни сопственици на домаќинства.

email