okta

Нафтената компанија Окта во првите девет месеци од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка од 132.527.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата евидентираше добивка од 271.289.000 денари.

“Прилагодената ЕБИТДА, како клучен показател за оперативната профитабилност на компанијата, изнесува 242 милиони денари за третиот квартал од 2017 година, во споредба со 206 милиони денари за третиот квартал од 2016 година. Исто така, кумулативно за девет месеци, прилагодената ЕБИТДА изнесува 413 милиони денари, што е на пониско ниво во однос на истиот период минатата година, како резултат од профитот на еднократната продажба на Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати што ја зголеми прилагодената ЕБИДТА на ниво од 455 милиони денари. Од друга страна, со исклучок на овој еднократен ефект, прилагодената ЕБИДТА за девет месеци во 2016 година би била пониска во споредба со истиот период од 2017 година. Приходите од продажба продолжуваат да се зголемуваат, достигнувајќи 16.674 милиони денари, споредено со 13.523 милиони денари во истиот период минатата година. Добивката пред оданочување за девет месеци од 2017 година, беше негативно погодена за 22 милиони денари поради падот на меѓународните цени на нафтените деривати како и влијанието на негативниот ефект од промена на цените на залихата, за разлика од 2016 година кога истиот ефект беше позитивен во износ од 78 милиони денари“, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

email