hamzali

Оранжерии Хамзали од Струмица во првото полугодие од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 66.848.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во текот на истиот период во 2016 година, добивката на компанијата изнесуваше 65.069.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во периодот јануари – јуни оваа година, беа на ниво од 221.011.000 денари. На домашен пазар, од тој износ, отпаѓаат 220.740.000 денари, додека на пазари во странство реализацијата беше 271.000 денари.

Основна дејност на Оранжерии Хамзали е производство на раноградинарски култури: разни сорти на домати, краставици, блага пиперка, лута пиперка, зелка, компир, жито и друго.

email