are-glavna

Оре е најголем и најразвиен ски – центар во Шведска, којшто располага со 100 километри патеки за скијање и 40 жичари.

are-zicara

Неколку пати е прогласен за едно од најдобрите скијачки одморалишта во светот. Убавата природна околина го прави Оре идеална зимска дестинација.

are-3

Овој шведски скијачки центар е беспрекорно организиран и уреден и секој може лесно да стигне до скијачките патеки без оглед на која локација е сместен.

are-sanki

Покрај скијање и сноубординг, овде се организираат и разни активности како јавање на коњи, возење на санка што ја влечат кучиња, риболов на лед, а оспособени се и патеки за планинарење и алпинизам. Оре е познат и по ноќното скијање.

are-nokj Во текот на летната сезона, Оре се трансформира во локалитет за пешачење, возење велосипед, алпинизам.

email