14390915_10154343195890049_1846741855517204816_n

Фото: Facebook

Врховниот извршен директор на Ford за Северна Америка доби отказ откако внатрешната истрага покажала дека неговото однесување е “несоодветно со кодексот на однесување на компанијата”, пренесува Guardian.

Во соопштението на Ford се вели дека Рај Наир, извршен директор на Ford за Северна Америка веднаш ја напушта компанијата. Наир бил назначен на неговата сегашна позиција во мај минатата година, кога Џим Хакет станал извршен директор. Наир претходно бил главен технички службеник во Ford.

“Ние ја донесовме оваа одлука откако направивме детален преглед. Ford е длабоко посветен на обезбедување култура којашто ќе биде за почит и очекуваме нашите водачи целосно да ги поддржат овие вредности”, изјави извршниот директор на Ford, Хакет.

Од компанијата велат дека нема да коментираат за природата на неговото однесување поради кое доби отказ.