no-say-pixabay

Фото: Pixabay

Хмм… откажувањето на проекти или започнати работи е многу лоша работа. Тие претставуваат загуба на пари и на луѓе. Од друга страна, пак, самото откажување влијае и врз моралот на луѓето кои биле инволвирани во имплементацијата.

Важно е да се знае дека сите проекти не можат да бидат успешно завршени. Некои од нив можат да бидат делумно успешни, но некои можат да бидат тотална утка. Од друга страна, пак, ако сите проекти на коишто работите се успешни, тогаш најверојатно немате доволно проекти. Што и да е, понекогаш е потребно да знаете кога е време да го откажете проектот на кој работите и да продолжите понатаму.

Некои од критериумите за откажување на проектите или работите што ги работите можат да се:

  • Целта – таа е невозможно да се исполни и продолжувањето на проектот само ќе ве доведува до дополнително исцрпување на ресурсите (човечки и материјални);
  • Планирање – лошото планирање може да ве доведе до погрешни насоки во текот на работата;
  • Претпоставки – претпоставките на проектот се променија и можеби не е „вистинскиот” проект за работа. Не му е време…;
  • Проектот може да се заврши, но нема да создаде одржлива вредност за вас и за луѓето коишто се инволвирани;
  • Условите на пазарот се променија така што ROI (return of investment) или продажните очекувања нема да бидат исполнети или се очекува конкуренцијата да воведе понапреден производ;
  • Финалниот производ може да стане застарен порано отколку што се очекуваше, или компанијата можеби нема да може да обезбеди поддршка на клиентите за производот за да ги исполни очекувањата на клиентите;
  • Трошоците се зголемиле на проектот и распоредот значително се намалува;
  • Постојат технички проблеми надвор од способностите на персоналот на компанијата;
  • Проблемот е премногу комплексен за да може вие или самата компанијата да го управува;
  • Клучни ресурси го напуштиле проектот;
  • Вие или компанијата се соочува со значителен проблем со кеш;
  • Има значителни промени во интересот и стратегијата на компанијата.

Вашата одговорност и одговорноста на луѓето над вас е голема и затоа треба да се осигурите дека сите потребни работи за добра имплементација на проектот се спроведуваат навремено. Но сепак, вие како носител на проектот или работата која ја извршувате, мора да бидете подготвени да донесете какви било лоши вести и уште потешко, да ги соопштите на тимот.

email