tutun

Вкупно 14.588 тони тутун од годинашната реколта се откупени до денеска, а просечната цена е 192,08 денари по килограм, јавува Миа.

Деветте компании за месец и половина или од почетокот на откупот, 15 ноември, презеле 75% од очекуваните количини. Исплатата е реализирана 93%, а на тутунарите им се префрлени 2,612 милијарди денари.

Субвенциите за тутунот изнесуваат 60 денари, што значи дека во моментов производителите просечно добиваат по 252 денари за килограм.

Според првичните проценки, во реколта 2016 се очекува да бидат откупени околу 20.000 тони тутун. Договор потпишаа 10 претпријатија, од кои девет го исполнија условот за откуп – заклучно со 15 декември доставија банкарска гаранција дека обезбедиле средства за таа намена.

email