startup-academy-logo

Start Up Academy од Скопје го објави конкурсот за аплицирање на 10 неделна пред – акцелераторска, практична програма за граѓаните на Струмица и регионот во соработка со CEED HUB Skopje, а со поддршка на Проектот на USAID за микро и мали претпријатија.

Учесниците со оваа интерактивна програма се стекнуваат со потребните вештини за: валидација и тестирање на бизнис идејата, истражување на пазарот и потенцијалните клиенти, започнување и водење на сопствен бизнис, планирање на инвестиции, практична работа со докажани и искусни професионалци, создавање на локална заедница на претприемачи и стартапи.

Програмата е бесплатна, но задолжително е пријавување во тимови од најмалку два, а најмногу четири членови (барем еден член од тимот, потребно е да познава англиски јазик).

Аплицирањето е заклучно со 12.09.2017, на следниот линк: http://startupacademy.mk/apply/  Online повикот е на следниот линк: http://startupacademy.mk/the-academy/application-requirements/.

email