bulova

Првата телевизиска реклама во светот е на компанијата Bulova (основана 1875), којашто се занимава со производство на часовници и накит, а емитувана е на први јули 1941 година во САД. Рекламата ја виделе само неколку стотици луѓе, бидејќи во тоа време во САД имало 4.000 телевизори.

Оваа едноставна реклама во која се изговара “Америка се движи по времето на Bulova“, траела десет секунди, а емитувана е на њујоршката станица WNBT, којашто сега е дел од мрежата NBC, пред бејзбол меч меѓу Brooklyn Dodgers и Philadelphia Phillies.

Компанијата Bulova платила девет долари за рекламата, четири долари за емитување, а пет за трошоци на телевизиската куќа.

email