Кратко потсетување на она што најмногу се читаше во годинава што изминува.

Ова се 10-те најчитани текстови на Бизнис Инфо:

10. Што не смеете да му кажете на шефот, дури и ако сте пријатели

10

Иако имате изградено пријателски однос, сепак постојат работи што не смеете да ги кажете на вашиот шеф.

9. Пет работи што ги прават лошите менаџери

9

Титулата менаџер не значи дека сте лидер. За да бидете лидер потребно е пред сè сигурност во своите способности и ценење на останатите луѓе.

8. Да се има успешна семејна компанија значи да се работи 80 часа неделно за себе, наместо 40 за некој друг

8

Интервју со Наталија Пекиќ, професор на Економскиот факултет во Осиек и консултант

Да се биде претприемач значи да се живее неколку години на начин на кој никој не сака, за да може да се помине остатокот од животот на начин на кој повеќето не можат.

7. Седум причини зошто ги губите вработените

7

Ако ветувањето е празно, разнишана е и довербата.

6. Осум вистини што и паметните луѓе ги забораваат

6

Подобро е да научите да ги прифаќате работите онакви какви што се, отколку да имате нереални очекувања. Животот понекогаш може да ве изненади.

5. Кои се 15-те клучни разлики помеѓу успешните и неуспешните луѓе?

5

Успешните – постојано учат. Неуспешните – мислат дека веќе знаат сè.

4. Работодавачот го гледа вашето CV само шест секунди – чита четири работи

4

Добро напишаното CV (Curriculum Vitae) е првиот чекор до посакуваното работно место. Да се напише добра биографија е тешко, затоа што не знаете што најмногу го интересира вашиот иден работодавач.

3. Што кажува начинот на возење за вашиот карактер

3

Ако сте во автомобил со колега, соработник или клиент, од неговото однесување зад воланот можете да видите како се однесува на работното место.

2. Колку треба да се исплати за регрес за годишен одмор – К15?

2

Право на користење на регрес за годишен одмор имаат сите вработени лица кои имаат остварено минимум шест месеци непрекинат работен стаж кај работодавецот.

1. Зошто најдобрите вработени се откажуваат дури и кога им се допаѓа работата

1

Најспособните најчесто се оптоварени повеќе од што можат да поднесат и ако тоа продолжи да се повторува, без никаков надомест или признание, ултимативно води до нивно откажување од работата.

email