nbrm

Ликвидноста на банките во ноември забележа месечен пад, покажуваат податоците на Народната банка на Република Македонија.

Намалената ликвидност во целост произлегува од поголемиот износ пласирани ликвидни средства во монетарни инструменти (најмногу во краткорочни депозити кај НБРМ).

Зголемениот интерес за пласирање монетарни инструменти произлегува од автономните фактори коишто делуваа во насока на креирање на ликвидноста на банкарскиот систем, најмногу преку девизните трансакции на НБРМ со банките поддржувачи.

На годишна основа, вкупните депозити во ноември се повисоки за 4,4%. Зголемувањето на вкупните кредити во целост произлегува од повисокото ниво на кредити на домаќинствата, при натамошен пад на кредитите на претпријатијата. Во ноември, вкупните кредити на годишна основа се повисоки за 1,3% и се над проекцијата за последниот квартал.

Годишната стапка на раст на вкупните кредити на крајот на октомври изнесува 1,8%.

Искористеноста на депозитниот потенцијал за кредитирање на приватниот сектор, мерена преку соодносот на кредити и депозити, во октомври изнесува 89,6%, што е пониско остварување споредено со очекувањата во октомвриската проекција.

email