kampanja-neotel-1-9-2017_2

Нови пакети, со поголеми брзини на интернет пристапот и со 50% попуст на претплатата во првите три месеци е најновата понуда од Неотел. Тримесечниот попуст се однесува за сите нови договори со траење од две години за neoTrio, пакетите што вклучуваат интернет, телевизија и телефон, како и за пакетите само за интернет и телефон.

Компанијата Неотел во изминатиот период работеше на воведување нови технологии и надградување на постојната безжична мрежа, што придонесе за понудата на нови пакети со зголемени брзини на интернет пристапот. Со надградбата на мрежата во Скопје се овозможени зголемени брзини за безжичниот интернет за домашни корисници, додека пак истата етапно ќе продолжи и во останатите градови од државата.

Покрај тоа што Неотел е препознатлив на пазарот по оптичкото поврзување за деловни корисници, сега истата услуга ја направи достапна и за домашните корисници. Со континуираното проширување на оптичката мрежа, Неотел на домашните корисници им нуди оптички интернет пристап од 100 Mbps со симетрична брзина. Во периодов овие брзини на оптичкиот интернет пристап се достапни за граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Битола, каде што се проширува мрежата до крајните корисници.

Понудата и поволностите од Неотел започнуваат од први септември и ќе бидат активни сè до 15 октомври 2017, до кога ќе трае промотивниот период.

email