kufer

Фото: Youtube

Кинеската компанија 90Fun дизајнира паметен куфер што може да го следи својот сопственик, а неговите раце да бидат слободни.

Куферот наречен 90 Fun Puppy 1, развиен е во соработка со компанијата Segway, којашто нуди роботички решенија. Куферот може да го следи корисникот преку поставување на режимот за автоматско следење или преку далечински управувач.

90 Fun Puppy 1 ќе биде претставен на овогодишното издание на најголемиот саем за потрошувачка електроника во светот, CES во Лас Вегас. Во продажба ќе биде пуштен кон крајот на 2018 година, но не се знае колку ќе изнесува овој паметен куфер, пишува The Verge.

email